Image by Freepik

30.05.2024 Скопје

Според податоците на британската осигурителна компанија РАЦ, највисока цена на дизелот има во Велика Британија во однос на остатокот од европскиот континент.

Просечната цена на еден литар дизел е 1,55 фунти, што е за 0,50 фунти повеќе од просечната цена на дизелот во Ирска и Белгија, кои се веднаш зад Велика Британија по просечна цена на дизелот.

РАЦ смета дека цените на дизелот во британската малопродажба се неоправдано високи. Како една од причините зошто цените се високи ја истакнаа недоволната конкуренција во малопродажбата.

Во прилог на оваа изјава тие го наведоа примерот на Северна Ирска како пазар со поголема конкуренција, на кој просечната цена на дизелот е 1,44 фунти за литар.

Зголемувањето на цените на дизелот во Велика Британија се случи и покрај тоа што владата на оваа земја во март 2022 година ја намали даночната стапка за возилата со мотор со внатрешно согорување за 0,50 фунти. Ова беше направено за да се помогне на населението поради инфлацијата.

Податоците на РАЦ ја истакнаа Италија, како земја со највисоки царини во Европа, каде просечната цена на литар дизел сепак е за 0,70 фунти пониска отколку во Велика Британија.

Подготвено од М.Д.

About Author