https://www.facebook.com/photo/?fbid=701309335331818&set=pcb.701309435331808

23.05.2024 Скопје

Димитар Ковачевски поднесе оставка од функцијата претседател на СДСМ.

„И јас и партиското раководство имаме одговорност, исто како што имаат одговорност и сите именувани и избрани функционери, вклучително и сите партиски функционери на локално и централно ниво. Никој реално не е без одговорност“, пишува во писмото испратено од Димитар Ковачевски до партиските тела на партијата.

Тој додава дека јавното мислење било креирано уште на последните локални избори, но тогаш партијата не направила анализа на изборните резултати и не ги лоцирала причините за поразот.

„СДСМ ќе треба добро да погледне навнатре, да размисли што направивме и кои се резултатите и слабостите во последните четири години, можеби и во последните седум години“, додава Ковачевски во писмотот.

Во наредниот период ќе треба да се одржат избори во СДСМ за да се избере нов претседател на партијата.

Подготвено од М.Д.

About Author