https://www.flickr.com/photos/123895158@N05/19037490906/in/photolist-v1h7MQ-2uhq7B-cP4HBu-5oSZSd-J3BdBw-dcWJzc-79WWit-4R62Wc-5TRpNE-5FyTdK-4b9ZFs-5z5P4n-4Wma5t-4FpUne-6Lyw3L-eXbva2-25TBmfH-2LuMGi-26cG5RP-6o1Ync-ejRHNT-r5HuHY-a8HG98-8uRv5S-KpTVkG-ZaxjPn-e8zpNT-69YVis-9ZLSB9-82SPjp-33rns4-bZvKso-4P3KBY-22hL4H-6rrLNi-LHKVe-8pRsB9-5hdqSc-d4kVaL-D9Gv-8NMTeK-bxkBNJ-woLvZj-4URMoV-bVc8d-MQ3T6M-a3L93v-5kfPQm-Ykjj7y-extpef

28.05.2024 Скопје

Во Норвешка денеска официјално стапува на сила признавањето на независната палестинска држава, а Шпанија и Ирска треба да го следат примерот подоцна во текот на денот, и покрај жестокото противење од Израел.

„Формалното норвешко признавање на Палестина како држава ќе стапи на сила денеска, на 28 мај 2024 година. Голем број други европски земји, исто така, формално ќе ја признаат Палестина на истиот датум“, се вели во соопштението на норвешкото Министерство за надворешни работи.

Трите европски земји го најавија потегот истовремено минатата недела, а нивните лидери рекоа дека се надеваат оти другите земји ќе се приклучат на иницијативата, верувајќи дека тоа ќе ги унапреди изгледите за мир по повеќе од седум месеци борби меѓу Израел и палестинското исламистичко движење Хамас.

Мнозинството земји-членки на Обединетите нации ја признаваат државата Палестина.

Сепак, влијателните западни нации како што се Соединетите Американски Држави, Велика Британија и повеќето држави на ЕУ не признаваат независна палестинска држава.

Подготвено од М.Д.

About Author