27.05.2024 Скопје
Министерот за здравство Илир Демири откако доби новинарско прашање зошто не ја разреши економската директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Иљази, се впушти во делење новинарски лекции.
Тој ги поучуваше новинарите да не се занимаваат со цевки од парно, алудирајќи притоа за хаваријата што се случи на Клиниката за токсикологија кога настана поплава од пукната цевка од парно и да не се занимаваат со 18 луѓе кои останале без леб, алудирајќи на договорците кои незаконски одеа на работа од јануари до април на оваа Клиника.
Демири беше лут и што ДСЗИ добива новинарски извештаи пред него како министер и даде свои сугестии за новинарски истражувања со крахови во здравството на неговите претходници, за кои медиумите многупати имаат пишувано и известувано.
Подготвено од М.Д.