02.05.2024 Скопје
Португалската полиција соопшти дека уапсила четири лица под сомнение дека држеле 54-годишен маж како роб 17 години во северниот регион Браганса.
Во соопштението се наведува дека мажот преживеал физичко и психичко малтретирање, принудна работа и „издавање“ на други за земјоделска работа.
„Живееше во понижувачки услови, ноќевајќи во комбе без минимум услови за живот, здравје, хигиена и исхрана“, соопшти полицијата, додавајќи дека обвинетиот „никогаш не му дозволувал да добие медицинска помош, дури и кога бил тешко повреден“.
Се додава дека по 17 години затвор, со трајни повреди кои му ја ограничуваат можноста за движење, успеал да побегне и сега добива специјализирана поддршка.
Случаите на трудова експлоатација и трговија со луѓе се во пораст во Португалија, особено кога станува збор за земјоделската област. Советот на Европа во јуни 2022 година посочи дека Португалија идентификувала 1.152 жртви на трговија со луѓе од 2016 до 2020 година.
Подготвено од А.Ѓ.