16.05.2024 Скопје
Во Хрватска стапија на сила измените на Кривичниот законик, а со нив и долгоочекуваните позитивни промени во заштитата на животните.
Напуштање на домашно милениче, домашно или диво животно се пријавува во полиција или во општинското државно обвинителство. Казната е до една година затвор или до две години ако напуштањето предизвикало смрт на животно или биле напуштени поголем број животни.
Казните за кривичното дело убивање и мачење животни се зголемуваат до затворска казна до две години или до три години доколку овие кривични дела се сторени заради профит.
Подготвено од М.Д.