zlato

17.05.2024 Скопје

Царински службеници запленија 4,8 килограми златен накит со проценета вредност од 20,4 милиони денари, по контрола на автобус на граничниот премин Богородица при влез во државата.

Имено, царинските службеници на граничниот премин Богородица селектираа автобус кој сообраќал на линија Истанбул – Гостивар, при што е извршен детален претрес.

Во пределот за багаж е пронајдена црна торба, во која во 9 пакетчиња обвиткани со најлон е откриено злато со тежина од 4,8 килограми. Возачот кој првично изјавил дека нема ништо за пријавување по откривање на златото потврдил дека торбата е негова.

Подготвено од М.Д.

About Author