13.05.2024 Скопје
Радев денеска упати остро предупредување до политичарите во Република Северна Македонија во кое наведе дека Република Бугарија не прифаќа изјави и однесување кои се во спротивност и со Договорот за пријателство, добрососетство и соработка од 2017 година и со другите меѓународни договори што Република Северна Македонија ги има потпишано.
Додека за грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис е провокација фактот што македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова не кажа „северна“ додека ја даваше својата заклетва, бугарскиот претседател Румен Радев смета го оцени нејзиниот говор како „демонстрација“.
„Преговарачката рамка, за информирање на одговорните институции во РСМ, нема да се ревидира“, се наведува во соопштението на претседателството.
„Веќе во првата реченица од ставот на бугарскиот претседател се напишани сите карактеристики на нашиот западен сосед – Република С. Македонија (РСМ), јасно наспроти демонстрациите што вчера ги направи Гордана Силјановска, која положи заклетва како нов претседател на земја, но без изговарање на меѓународно признатото име државата“, се вели во дел од соопштението и се додава:
„Бугарија постојано и јасно го кажа својот став дека договорите мора да се исполнат“, подвлекува шефот на државата Румен Радев и експлицитно потсетува дека Република Северна Македонија е земја членка на НАТО, од која произлегуваат соодветните обврски и одговорности“.
Подготвено од М.Д.