trchanje deca

23.05.2024 Скопје

Истражувањето објавено од Светската здравствена организација (СЗО) покажало дека децата на возраст од 11, 13 и 15 години од Велика Британија секојдневно имаат најмалку физички активности во споредба со децата од другите земји во Европа, Централна Азија и Канада.

Околу 11 отсто од девојчињата и 16 отсто од момчињата во Англија го реализираат препорачаниот физички час дневно.

Умерената до енергична физичка активност вклучува работи како брзо одење, возење велосипед и возење ролери.

„Имаме и голем родов јаз и големи социо-економски разлики. Две третини од 15-годишните момчиња во Велика Британија учествуваат во енергична физичка активност четири или повеќе пати неделно, но само една третина од девојчињата“, вели координаторката на оваа меѓународна студија, Џо Инчли од Универзитетот во Глазгов.

Таа изјави дека посилните вежби, во кои срцето чука малку побрзо, исчезнуваат од животот на младите.

„Во минатото, кога младите поминуваа многу време надвор, таа бројка ќе беше многу поголема. Сега гледаме дека многу паѓа и мислам дека тоа е многу загрижувачки бидејќи може да има големо влијание врз здравјето и благосостојбата на младите“, рече Инчли.

Регионалниот директор на СЗО за Европа Ханс Клуге истакна дека редовната физичка активност, здравите навики во исхраната и одржувањето на здрава телесна тежина се клучни делови од здравиот живот.

„Наодите од истражувањето укажуваат на потребата од насочени интервенции за да им се овозможи на адолесцентите да усвојат поздрави навики и да избегнуваат навики кои влијаат не само на нивното сегашно здравје и благосостојба, туку и на нивните идни траектории“, рече Клуге.

Подготвено од М.Д.

About Author