BRITANSKI MINISTER BOS VO VOZ

23.05.2024 Скопје

Мерсер наводно го фотографирал еден од патниците. Корисниците на социјалните мрежи потоа го критикуваа министерот што ги соблекол чевлите и чорапите во јавниот превоз. Тој инсистира дека не направил ништо лошо.

– Значи, некој чудак одеше наоколу и го фотографираше мојот лаптоп додека читав приватни пораки. Чевлите и чорапите ми беа собуени затоа што тукушто пројдов со велосипед низ Дартмур на дождот. И, сега – убијте ме! Или пораснете!, објасни Мерсер.

Портпаролот на британскиот премиер Риши Сунак на новинарско прашање се согласи дека „не е в ред да се собувате“ во воз. Тој најави дека Сунак ќе разговара со својот министер за овој случај.

Подготвено од М.Д.

About Author