02.05.2024 Скопје
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен за време на неговата посета на Израел изјави дека напредокот во подобрувањето на хуманитарниот пристап до Газа е реален, но дека, со оглед на огромната потреба во палестинската енклава, тој треба да се забрза.
Блинкен, кој претходно се сретна со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, им изјави на новинарите дека Израел направил важни компромиси за предложениот договор со кој би биле ослободени заложниците во замена за прекин на огнот, но дека останува на Хамас да го прифати договорот.
Светските медиуми претходно објавија дека Хамас ќе ги ослободи заложниците во замена за неколкунеделен прекин на огнот и ослободување на палестинските затвореници во израелските затвори. Разговорите се во застој за двете главни прашања, барањата на Хамас израелските трупи да се повлечат од Газа и да го прекинат конфликтот и деталите за бројот и имињата на палестинските затвореници во израелските затвори.
Некои извештаи сугерираат дека Израел покажал подготвеност да направи дополнителни отстапки во иднина, вклучително и повлекување на силите кои го преполовија Појасот Газа и дозволувајќи им на жителите да се вратат на север.
Подготвено од А.Ѓ.