BEJBI LAZANJA

17.05.2024 Скопје

Марко Пуришиќ познат како Бејби Лазања се огласи откако владата на Хрватска му понуди парична награда од 50.000 евра.

„И се заблагодарувам на Хрватската влада за паричната награда во износ од 50.000 евра .Сепак тие пари јас не можам да ги прифатам. Постојат многу причини за тоа, но прва и најважна причина за тоа е што постојат многу други поединци и организации на кои што тие пари многу повеќе ќе им помогнат“, одговори хрватскиот претставник на овогодинешната Евровизија во Малме каде го освои второто место.

На Бејби Лазања ми беше организиран величествен пречек по доаѓањето од Шведска. Успехот на младиот пејач е уште позначаен затоа што тој влезе како резерва на фестивалот Дора на кој се бира хрватскиот претставник за Евровизија.

Откако во Шведска стигна до вицешампионската позиција, хрватската влада одлучи да му даде награда од 50 илјади евра. Но, тој го одби популистичкиот потег на премиерот Пленковиќ и порача парите да бидат во хуманитарни цели.

„Го замолувам господин Пленковиќ, во мое име и во име на хрватската влада да донира 25.000 евра на заводот за  педијатриска онкологија и хематологија со дневна болница Младен Чепулиќ“, порача младиот пејач.

-Останатите 25.000 евра би сакал да ги донирам на заводот за педијатрија, хематологија, онкологија и трансплатација на крвотворни матични клетки во Клиничкиот Болнички Центар Загреб. Благодарам, напиша Бејби Лазања на својот Инстаграм профил.

Подготвено од М.Д.

About Author