bakar

09.05.2024 Скопје

Голем број експерти за стоки веруваат дека претстои „суперциклус“ за трговијата со бакар. Имено, за премин во климатско неутрална економија, потребна е пред сѐ една суровина – бакар.

Долго време цената на бакарот на светските берзи само благо флуктуираше и не играше некоја голема улога за инвеститорите. Но, се чини дека тоа се менува. Од април, цената на црвениот метал постојано се приближува до нивото од 10.000 долари за тон. Дотогаш постоеше сигурна корелација меѓу глобалниот економски раст и побарувачката на бакар. Но сега, и покрај слабата конјуктура на светската економија, побарувачката за бакар значително расте.

Цената на бакарот на Лондонската берза за метали на 1 мај скокна за 1,7 отсто на 10.033,50 долари за тон. Така, бакарот повторно ја достигна цената од април 2022 година „Индексите и берзанските фондови ги туркаат парите на приватните инвеститори на металниот пазар“, објаснува Sandeep Daga од аналитичката компанија Metal Intelligence Center.

Подготвено од М.Д.

About Author