29.05.2024 Скопје
Најдолгиот прав пат во светот се наоѓа во Саудиска Арабија, а официјалното име на овој пат е „Автопат 10“.
Овој автопат поврзува два града, градот Ал Дарб, на југозапад, со градот Ал Бата, на исток.
„Автопат 10“ се протега на 1.474 километри, поврзувајќи го градот Ал Дарб, на југозапад, со Ал Бата на исток.
Додека најдолгиот дел од овој автопат кој е прав како стрела е долг точно 239,79 километри (149 милји), тој со право ја носи титулата најдолг прав пат во светот. Тоа е прилично фреквентен пат, најчесто користен од камиони кои превезуваат стока од едната до другата страна на земјата, но најпознат е по неговото протегање од 240 километри низ пустината Руб-ал-Кали.
Овој конкретен дел од инфраструктурата првично беше изграден како приватен пат за кралот Фахд. Но, откако стана дел од системот на јавни патишта, го држи Гинисовиот рекорд за најдолг прав пат во светот. Патот е познат и како „најдосадниот пат на светот за возачите“, поради целосно отсуство на кривини, речиси целосно рамен терен, монотона и безлична околина колку што може да види окото на возачот.
Подготвено од М.Д.