amerikanska-ambasada-crna-gora

15.05.2024 Скопје

Даночната управа на Црна Гора ја објави црната листа на која се наоѓаат имињата на даночните обврзници со најголем износ на даночен долг, а последниот со пресек на долгот предизвика бурни реакции, бидејќи во него е вклучена и Амбасадата на Соединетите американскји држави во Подгорица со долг од повеќе од половина милион евра.

Од Даночната управа изјавија дека Амбасадата поради техничка грешка завршила на неславната листа на најголеми даночни должници и дека е тргната од списокот.

„Имено, даночниот обврзник – Амбасадата на САД се најде на претходно објавената Црна листа на 50 најголеми даночни должници, поради тоа што поради институционални промени во даночниот орган дојде до промена на овластеното лице, така што средствата платени од девизната сметка за даночни плаќања до април не биле пренасочени обврските на нерезидентни правни лица, вклучително и плаќањата од Амбасадата на САД“, се наведува во соопштението на црногорскатра даночна управа.

„Напоменуваме дека се работи за даночен обврзник кој редовно си ги плаќа даночните обврски. Амбасадата на САД е отстранета од Црната листа и му се извинуваме на даночниот обврзник за техничката грешка“, се заклучува во соопштението.

Амбасадата на Соединетите Американски Држави (САД) одделно објави дека плаќа даноци „конзистентно и навреме“ и дека „нема неподмирени даночни обврски“.

Од Министерството за финансии биле информирани дека ставањето на Амбасадата на САД на листата на даночни должници е техничка грешка.

About Author