mladen-krstevski

31.05.2024 Скопје

Од 21 до 29 мај во Лобња, Москва, се одржа  28-от меѓународени театарски фестивал „Руска класика” на кој на македонскиот актер Младен Крстевски му беше врачено признанието за бравурозната актерска игра „Мајстор на сцената”. Крстевски оваа награда ја доби за улогата на Раскажувачот и Лошиот Дедо во претставата „Добрите – зли, злите – добри” во изведба на младинско-детскиот театар Крин.

Текстот е на младите „драматурзи“ – ученици: Даниел Крстески, Андреј Недевски и Младен Крстевски.

Претставата не пренесува во светот на приказните каде што доброто секогаш победува. Еден од ликовите во истата е ликот на Добрата Јана, која со својот херој, Розовиот пантер поаѓаат да ја ослободат принцезата од рацете на лошиот дедо.

Подготвено од М.Д.

About Author