GERMANSKI PASOSH

30.05.2024 Скопје

Над 200.000 луѓе добиле германско државјанство лани, oбјави Сојузниот завод за статистика.

Тоа е зголемување за 31.000 во однос на 2022 година, односно 19 отсто, пренесе АП. Во текот на 2023 година, 665 македонски граѓани добиле германско државјанство, од кои 300 биле мажи, а 365 жени.

Минатата година, 75.500 луѓе од Сирија добиле германско државјанство. По 10.700 луѓе од Турција и од Ирак станаа германски државјани во 2023 година, така што тие го делат второто место зад Сиријците. Условите за добивање државјанство вклучуваат работно познавање на германски јазик и доказ за способност за финансиска издршка. Во Германија во моментов живеат 84 милиони луѓе.

Подготвено од М.Д.

About Author