PALCO

22.05.2024 Скопје

Љупчо Палевски, познат како Палчо, неодамна екстрадиран од Турција, побара правно застапување за неговото судење за двојното убиство на Вања и Панче.

Палевски за бранител ги побара Тони Менкиновски, Славчо Секуловски и Јовица Страшевски. Сепак, ниту еден од овие адвокати не го прифати случајот, поради што судот додели адвокат по службена должност како што налага законот.

И покрај неговите барања, сите тројца адвокати одбија да го застапуваат на суд. Следствено, судот ќе му додели адвокат по службена должност за да се погрижи да има правно застапување во текот на процесот на судење.

Заради интерес на медиумите кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека осомничениот за двојното убиство во Скопје и Велес од ноември минатата година, Љ.П. кој на 15.05.2024 година беше екстрадиран од Р.Турција, по наредба на судија на претходна постапка денеска беше спроведен во Основниот кривичен суд Скопје за да се произнесе во однос на мерката притвор определна во негово отсуство, а по предлог на Основното јавно обвинителство – Скопје.

По признесување на осомничениот во присуство на неговиот бранител, поставен по службена должност, судија на претходна постапка донесе решение со кое на осомничениот му се определува мерка притвор во траење од 30 дена која започнува со нејзино реализирање од денот на неговиот прием во Истражниот затвор Скопје, а заради постоење на околностите од чл. 165 ст. 1 точка 1,2 и 3 односно Постојат околности дека може да се даде во бегство, може да ја попречи кривичната постапка со влијание врз сведоците,  и околности кои упатуваат дека ќе го доврши или повтори кривичното дело.

Против ова решение странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет на овој суд.

Подготвено од М.Д.

About Author