13.05.2024 Скопје
Кристина Озтурк, 26-годишна Русинка која живее во Грузија, има 22 деца, но нејзината неостварена желба е да има повеќе од сто! Бидејќи за кратко време таа и нејзиниот сопруг добија над дваесет, па така ги планираат и следните осумдесет!
Кристина се омажила за милионерот 32 години постар од неа Галипо, а парот досега потрошил околу 10.000 долари по бременост на сурогат мајчинство, кое е легално во Грузија од 1997 година. Според законот, детето што ќе се роди автоматски „оди во рацете“ на луѓето кои го обезбедиле генетскиот материјал за неговото зачнување, додека сурогат мајката нема никакви права.
Тие чекаат да им пораснат бебињата, за да добијат нови.
Ова големо грузиско семејство сака да се размножува повеќе, но иако Галип и Кристина разговарале да имаат преку 100 бебиња, тие решиле да почекаат додека нивните бебиња да станат доволно возрасни пред да тргнат на друго „патување“ на сурогат мајчинство.
Инаку, Галип (58), на почетокот на минатата година, беше осуден на осум години затвор откако беше обвинет за нелегално купување и поседување дрога и психоактивни супстанци.
“Чувството на осаменост не ме остава ниту со толку многу блиски луѓе. Навикната сум сопругот секогаш да е дома, секогаш во близина. Бидејќи Галип последните години работеше исклучиво од дома, постојано се дружевме во текот на денот. Навечер, кога ги стававме децата во кревет, постојано разговаравме. Ако одев во Тбилиси или во Истанбул, разговаравме со часови, цела ноќ.“
Подготвено од М.Д.