pari 2

12.04.2024 Скопје

Националната агенцијата за образовни програми и мобилност ја доби дебит нотата, односно официјалното известување  за враќање на 2,2 милиони евра на Европската комисија, средства од Еразмус+ програмата кои се злоупотребени во Република Северна Македонија.

Државата има рок од 30 до 45 дена да ги врати парите, но проблем е што во моментот имаме Техничка влада, вели директорот на Националната агенција, Марко Ѓорѓиевски.

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ вели дека се прават напори долгот да се врати со компензација, а потребни се повеќе механизми за контроли за да се спречат вакви појави во иднина, додава тој.

Станува збор за неправилности што ги констатираше Европската канцеларија за борба против измама – ОЛАФ,  на дел од грантовите доделени на 22 корисници за периодот од 2016 до 2018 година од програмата Еразмус+.

ОЈО за организиран криминал веќе спроведува предистражна постапка, а по завршувањето на тој процес, Маричиќ рече дека Националната агенција за образовни програми ќе бара од оние лица за кои што ќе се утврди злоупотреба, да ги вратат парите.

Подготвено од М.Д.

About Author