17.04.2024 Скопје
По 300 евра ќе добиваат членовите на Надзорниот одбор на „Жито Лукс“ за својот месечен ангажман во овој орган на управување. Исплатата е во денарска противвредност. Предлогот за определување месечен надомест треба да добие поддршка на претстојното Собрание на акционерите, закажано за 17 мај.
Исто така, има уште две предлог-одлуки поврзани со Надзорниот одбор. Едната е за отповикување, а другата за избор на членови. Мандатот им завршува на независните членови Михаил Фандридис и Роберта Теова. За избор на членови се предлагаат Наташа Трпеноска Тренчевска, Ирини Патера и Ставрос Бозикас, а за реизбор независните членови Фандридис и Теова.
Минатата деловна година „Жито Лукс“ ја заврши со нето-добивка од речиси 330 илјади евра. Сепак, дивиденда нема да се дели, бидејќи со средствата ќе се покриваат загубите од претходниот период.
Подготвено од М.Д.