PLATEZNI KARTICKI

02.04.2024 Скопје

Минатата и оваа година е зголемена употребата на платежните картички од страна на граѓаните за извршување на плаќањата во трговијата во земјата, што се согледува преку засилениот годишен раст на бројот и вредноста на плаќањата при што за 18 проценти е зголемен бројот на трансакции, а за 17 проценти е зголемена вредноста на трансакциите. Годишен раст забележуваат и бројот и вредноста на плаќањата на граѓаните со кредитни трансфери (т.н. платни налози) и тоа за 5 отсто расте бројот на трансакции, а за 12 отсто вредноста на трансакциите, информираат од Народната банка (НБ).

Според нив, дигитализацијата предизвикува постојана промена во навиките на граѓаните при извршувањето на плаќањата, па тие сè почесто ги користат современите канали на плаќањата.

Нагласуваат дека граѓаните можат на удобен и сигурен начин да ги извршуваат плаќањата во земјата, имајќи предвид дека на крајот од 2023 година во оптек беа 1,9 милиони платежни картички, од коишто 76 отсто се засновани на бесконтактна технологија.

Подготвено од М.Д.

About Author