08.04.2024 Скопје
Три илјади и петстотини жени денес учествуваа на Женската трка што ја организира Националното здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза, што годинава се одржа во знакот на подигнување на јавната свест за мултипла склероза преку споделување на едукативни банери на социјалните мрежи за предизвиците кои го носи оваа хронична болест.
„Трчам за децата со цистична фиброза“ е мотото под кое претставници на Клиниката за детски болести – Скопје, се приклучија на 12 издание на „Авицена женска трка“, што вчера се трчаше во Скопје во организација на Сојуз на спортови на Скопје и под покровителство на Градот.
Годинава, тимот на клиниката ја посветува трката на покревање на свеста и поддршка на децата со една од најчестите ретки болести.
Подготвено од М.Д.