06.04.2024 Скопје
Земјотресот со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала, кој вчера го погоди јужниот дел на американската сојузна држава Њу Џерси, е најсилниот во последните 240 години, покажуваат податоците на Американското сеизмолошко друштво (USGS).
Земјотресот што се случи утринава, а кој беше почувствуван и во Њујорк, беше најсилниот од 1783 и 1755 година, кога земјата ја потресоа два земјотреси со јачина од 5,1 степени.
И двата се случија пред Њу Џерси да стане сојузна држава во декември 1787 година, но се случија во географската област долж границите на таа држава на југ.
Според податоците на USGS, земјотресот беше трет најсилен во североисточниот дел на САД во претходните 50 години и 10-ти најсилен на сите времиња во тој регион.
Земјотресите во Њу Џерси и регионот се ретки.
Од 1700 година, во Њу Џерси се регистрирани само 24 земјотреси со јачина од 2,5 или повеќе.
Летовите на аеродромите во Њујорк привремено беа прекинати по земјотресот, објавија локалните медиуми.
Подготвено од А.Ѓ.