19.04.2024 Скопје
Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала ја погоди провинцијата Токат во североисточна Турција, соопшти Националната управа за катастрофи и вонредни состојби.
Земјотресот се случил денеска околу 15.00 часот, а епицентарот бил во близина на градот Сулусарај на длабочина од околу шест километри.
Засега нема информации за причинета штета или човечки загуби.
Подготвено од А.Ѓ.