09.04.2024 Скопје
Незадоволство од непотпишување на анексот на Колективниот договор за здравствена дејност кој требаше да почне да се применува од мартовската плата и барање до претендентите за власт истиот да се потпише по формирање на новата влада. Ова се барањата на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита кои денеска протестираа пред министерството за здравство.
„Нема да отстапиме од нашите барања до потпишување на анексот на колективниот договор“, изјави Љубиша Каранфиловски, претседател на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита.
На протестот беше истакнато и дека се бараат 15 отсто, на анексите што биле дадени и минале на Влада, поради покачувањето на минималната плата.
Подготвено од М.Д.