03.04.2024 Скопје
Во холандскиот затвор во градот Херхуговард, еден затвореник зел уште двајца затвореници како заложници.
Заложничката криза траела околу два часа и завршила со апсење на осомничениот денеска околу 15 часот.
Мотивот за киднапирањето не е познат.
Портпаролот на агенцијата одговорна за управување со затворите во Холандија (DIJ) изјави дека заложниците биле ослободени неповредени.
Мрежата НОС извести дека заложниците биле чувани во заедничка просторија.
Во затворот во градот 340 мажи отслужуваат казни распоредени во две згради.
Подготвено од А.Ѓ.