zatvor

15.04.2024 Скопје

Масовна тепачка во штипскиот затвор. Синоќа на полноќ дошло до пресметка помеѓу две групи затвореници, поради што интервенирала затворската полиција, но на помош била повикана и Единицита за брза интервенција за да се спречи ескалација на масовната тепачка. Утринава инцидентот го потврди заменик министерот за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев.

„ До МВР има пријавено случај од Затворот во Штип, кога ќе завршиме со сите наши активности ќе излеземе со соопштение. Во моментот не би можел да дадам детали, зашто се уште работиме- изјави Митко Бојмацалиев“, заменик министер на МВР

Во текот на денот преку соопштение се огласија од МВР, во кое се вели дека во 3 минути пред полноќ, извесен Ш.Н. од с Батинци, Скопско, пријавил во СВР –Штип дека му се јавил неговиот син З.Н. кој е на издржување затворка казна во штипскиот затвор и дека имал информации дека во текот на ноќта ќе биде нападнат. Точно на полноќ, од Казено поправната установа е побарана помош од полицијата, зашто дошло до физичка пресметка помеѓу две групи затвореници и поради тоа што кон затворот патуваат повеќе лица за да им помогнат на едната група. По пристигнување на лице место, полицијата пред затворот затекнала 30 лица со 10 возила, а при прегледот на лицата и возилата во едно се пронајдени и одземени дрво и остар предмет. За време на пресметката во затворот,  со повреди се здобил еден вработен и бил пренесен во штипска клиничка за да му биде укажана помош.

Подготвено од М.Д.

About Author