ukraina nova voena pomos sad

22.04.2024 Скопје

Полска, Литванија и другите сојузници на НАТО денеска почнаа воена вежба околу коридорот Сувалки во Литванија, која се смета за клучна точка за симулирање на можен директен конфликт меѓу Русија и Северноатлантската алијанса.

Коридорот Сувалки е лента широк околу 65 километри на полско-литванската граница меѓу Белорусија и руската ексклава Калининград и се смета за потенцијална фокусна точка на воениот конфликт меѓу Русија и НАТО.

Оваа вежба заеднички ја планирале полските и литванските вооружени сили во 2022 година, а во неа ќе учествуваат најмалку 1.500 војници со големо количество воена опрема.

Оваа вежба се спроведува паралелно со слични воени маневри кои започнаа во Литванија на 19 април под водство на САД.

Тензиите во областа на коридорот Сувалки се зголемија откако изби руско-украинскиот конфликт во целосен обем.

Оттогаш, силите на НАТО спроведуваат редовни воени вежби и ги подобруваат своите капацитети за колективна одбрана.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author