https://www.flickr.com/photos/worldbank/16953090889

15.04.2024 Скопје

Пролетниот состанок на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка започна денес во Вашингтон и ќе трае до 20 април.

Пролетниот состанок ќе започне во понеделник со Глобалниот парламентарен форум, а на еден од воведните состаноци ќе учествува и директорката на ММФ Кристалина Георгиева, соопшти ММФ.

Министрите за финансии, централните банкари и креаторите на политиките во Вашингтон ќе разговараат за најитните прашања на светската економија и влијанието на војните, пред се во Украина и Газа, врз финансиската стабилност во светот.

Собирот во Вашингтон ќе ги собере гувернерите на централните банки, министрите за финансии и развој, членови на парламентот, директори на приватниот сектор, претставници на граѓански организации и академици за да разговараат за прашања од глобално значење.

Ќе се разговара за светската економска перспектива, искоренувањето на сиромаштијата, економскиот развој и ефективноста на помошта.

Главните министерски состаноци и настани ќе се одржат од 17 до 19 април, се наведува на веб-страницата на ММФ.

Во вторник, на 16 април во 9:00 часот по локално време, ММФ ќе го објави World Economic Outlook, публикација која дава сеопфатна анализа на глобалната економска ситуација.

Анализата ќе ја презентира главниот економист на ММФ, Пјер Оливие Гуринша.

Оваа публикација, која се користи како документација за состаноците на Меѓународниот монетарен и финансиски комитет, се објавува двапати годишно, обично во април и октомври.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author