05.04.2024 Скопје
Обвинителството се жали на притисоци од кардиохирургот Жан Митрев за случајот што се води против него и неговата приватна клиника.
„Од почетокот на судскиот процес, преку медиуми во кои како огласувач се јавува обвинетото правно лице, се забележуваат обиди да се врши притисок врз сведоците и врз предметниот јавен обвинител со цел да се дискредитира обвинението кое е поткрепено со докази во однос на сите елементи на кривичното дело кое се става на товар на обвинетите“, реагираат од Обвинителството.
Против кардиохирургот Жан Митрев и неговата болница Филип Втори, лани, скопското Јавно обвинителство поднесе обвинение за кривичното дело измама, за што е предвидена казна затвор од една до 10 години. Митрев се товари дека со прикривање факти, ги донел во заблуда пациентите болни од Ковид дека хемофилтрацијата лечи од Ковид односно дека ги лекува тешко болните пациенти.
Подготвено од М.Д.