23.04.2024 Скопје
Државниот секретаријат за економски прашања на Швајцарија соопшти дека Швајцарија има замрзнато руски имот во вредност од 5,8 милијарди швајцарски франци (5,95 милијарди евра).
Оваа бројка се однесува на вкупната вредност на руските средства замрзнати од Швајцарија од почетокот на војната во Украина до крајот на 2023 година.
Вредноста на замрзнатите руски средства во Швајцарија е помала отколку на крајот на 2022 година, кога изнесуваше 7,5 милијарди швајцарски франци.
Во соопштението на СЕКО се наведува дека вредноста на финансиските средства замрзнати во врска со санкциите против Русија изнесуваше 5,8 милијарди швајцарски франци на 31 декември 2023 година. Ова е за 1,7 милијарди швајцарски франци помалку од бројката пријавена за декември 2022 година. Покрај тоа, сега се блокирани 17 имоти во 7 кантони.
Подготвено од А.Ѓ.