https://www.flickr.com/photos/nodurians/25480923326/in/photolist-2mPmpu6-Lk8kUR-LhEqAw-5VwVCh-5LMw2a-PB7J2v-Lp4s3w-PDS2Z7-8Dnr7-KviCLB-8NvXN8-2jJwgGp-KppWC-2DjTwH-KppWy-5LMw3t-4sTGQ4-7NNSge-EPEoLf-e7Xr8t-2mVLtNH-7n7xtd-bhvpWz-bhvqwX-bhvrjc-bhvpK6-bhvrJr-KEbjfT-bhvruX-bhvsdX-bhvrWg-bhvrb6-29kKHzr-bhvr3P-fbYcJ3-McWZo1-2dP3CX3-2iGhvJv-5QNLUL-5sTcpm-2iDDxV4-26zWS2J-4sXMH9-27XKnFH-2izsc5x-29kKwzF-2iEQZZB-ZmzsB1-KCnffi

26.04.2024 Скопје

Советници за национална безбедност и високи функционери од целиот свет се подготвуваат за средба овој викенд во главниот град на Катар, Доха.

На средбата ќе се разговара за плановите за одржување самит за Украина под условите што ги постави Киев за постигнување мир со Русија.

Се вели дека состанокот на официјални лица од Г7 и таканаречениот Глобален југ е дел од прелиминарните разговори за подготовка на теренот за самитот на високо ниво што ќе биде домаќин на Швајцарија во јуни.

Некои од тие состаноци вклучиле и десетици други земји од Персискиот Залив, Г20 и БРИКС, организација чии членови меѓу другите ги вклучуваат Бразил и Индија.

Се наведува дека ваков помал собир се одржал во декември минатата година.

„Киев ќе ги сподели плановите на Русија со дипломатите и разузнавачките агенции на сојузничките земји“, рече Зеленски.

„И заедно мораме да се спротивставиме, мора да работиме во единство за праведен мир“, рече тој.

Украинскиот мировен план предвидува повлекување на сите руски трупи од територијата на Украина, враќање на територијалниот интегритет на Украина, ослободување на сите воени заробеници и депортирани, спречување на екоцид во Украина и казнување на одговорните за војната.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author