03.04.2024 Скопје
Фитосанитарната инспекција на Република Српска забрани увоз на пратка од 500 килограми јагоди од Албанија за која е утврдено зголемена содржина на пестициди.
Лабораториската анализа утврди присуство на пестициди над вредностите пропишани со Правилникот за максимални нивоа на остатоци од пестициди во и за храна и добиточна храна од растително и животинско потекло.
„Инспекторот наредил уништување на пратката во присуство и под надзор на надлежниот инспектор“, соопштија од Инспекторатот на Српска.
Досега годинава е забранет увозот на вкупно шест пратки јагоди со потекло од Албанија, поради зголемената содржина на пестициди.
Надлежниот инспекциски надзор ќе продолжи со насочени контроли и во наредниот период, согласно проценката на ризикот и сезонскиот карактер на одредени видови овошје и зеленчук.
Подготвено од А.Ѓ.