danka ilikj

04.04.2024 Скопје

Српскиот претседател Александар Вучиќ на посебна седница на српската влада соопшти дека полицијата има уапсено две лица осомничени за убиство на малата Данка Илиќ.

„Имаме лоши вести за ова дете, нашата Данка од Бор, полицијата уапси две лица, кои ако добро разбирам го извршиле убиството на малата Данка и колку што разбрав од оваа реченица и двајцата го признале делото. Со какви чудовишта си имаме работа. Сега водат до местото каде што го фрлиле телото на детето“, рече Вучиќ, а потоа изјави дека Братислав Гасиќ, министерот за внатрешни работи на Србија, ќе изнесе повеќе детали.

Тој се заблагодари на полицијата за големиот труд и посветеност.

Потсетуваме, малата Данка Илиќ исчезна на 26 март, кога нејзината мајка Ивана Илиќ околу 13 часот и 45 минути го пријавила за исчезнување. Оттогаш во јавноста и медиумите се појавија многу информации, се шпекулираше дека е видена во Виена, што доцна синоќа беше демантирано.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author