https://www.facebook.com/photo.php?fbid=450613567068181&set=pb.100063586246127.-2207520000..&type=3

18.04.2024 Скопје

Помина 15 април, а вработените во установите од културата се уште не ги добиле платите за март, што требаше да бидат зголемени за 12%, согласно Општиот колективен и Колективниот договор за култура.

Од Синдикатот за култура велат дека доцнењето на платите е поради тоа што министерот за финансии, Фатмир Бесими не дозволувал зголемување за платите.

Синдикатот бил информиран за тоа од министерката за култура.

За проблемот утре од СКРМ подетално ќе известат на прес конференција која ја закажаа пред ресорното Министерство.

Подготвено од М.Д.

About Author