22.04.2024 Скопје
Револт кај вработените на Клиниката за токсикологија. Преку писмена реакција до јавноста, порачуваат дека во Клиниката, откако е назначена в.д. организациска директока Бесија Иљази, пред формирањето на техничката влада, владее дезорганизација, а не организација.
Но, она што е загрижувачки, е алармот на вработените дека два месеци пациентите чекаат валидација на резултатите од токсиколошката лабораторија затоа што не потпишала согласност за договор на дело за двајца дипломирани биолози.
Велат дека Иљази не ги исполнува условите за директорка на клиниката. Освен тоа, работното време на новата директорка трае само 4 и пол часа- тие велат, прецизирајќи со какви проблеми се соочуваат
„Клиниката нема спроведено постапка за осигурување на имот, осигурување на скапата медицинска опрема и осигурување од лекарска грешка, бидејќи в.д директорката не сака да потпише затоа што не е прифатен нејзиниот брокер за осигурување и моментално клиниката два месеци не е осигурана иако за тоа сме со закон обврзани.“ – велат од ЈЗУ Клиника за Токсикологија.
Вработените порачуваат и дека од назначувањето на новата директорка долгот на клиниката за помалку од два месеци се зголемил приближно до 2 милиони денари.
Подготвено од М.Д.