mikroskop

17.04.2024 Скопје

Во основно училиште „Блаже Конески“ во Велес, вчера беше организиран првиот регионален Саем за наука, на кој учествуваа шестооделенци од Велес, Штип, Облешево, Батинци и Лозово. Учениците на саемот имаа можност да видат интересни и брзи научни експерименти, но и да гледаат на микроскоп.

Ружица Петрушевска – Николовска, наставничката по предметот наука и биологија, во училиштето е организатор. Во претходниот период, била дел од дводневната работилница за ефективна настава по природни науки, која е иницирана од општествената организација „Македонија 2025“.

Таа во интервјуто изјави: Петрушевска: ,,Саемот е за учениците, тие преку истражувачки активности, експерименти и иновации, да може подобро и поквалитетно да учат, но и да се запознаат со вештините од областа на природни науки.

Подготвено од М.Д.

About Author