1027685_policija-makedonija_ls

12.04.2024 Скопје

Полицијата во Тетово го истражува инцидентот кој се случи синоќа околу 23 часот кога од возило во движење беше пукано кон едно лице а дел од куршумите завршија во семејна куќа.

За среќа во инцидентот според информациите нема повредени ниту човечки жртви. Според првичните информации пукано е со „калашников“, а на место каде се случи инцидентот полицијата пронајде и подигна како доказен материјал неколку чаури.

Во 22.45 часот  М. Т. од Тетово во СВР Тетово пријавил дека од страна на непознато лице е пукано со огнено оружје од возило во движење во неговата куќа, се вели во полициското соопштение.

Меѓу Тетовчани се шират шпекулации дека станува збор за крвна одмазда, како и дека инцидентот е поврзан со престрелката пред тетовската болница од 11ти јануари.

Тогаш по тепачка од огнено оружје беа застрелани две лица од тетовското село Гајре и истите се здобија со прострелни рани.

Причина за инцидентот тогаш беа нерасчистени односи меѓу напаѓачите и двајца браќа кои беа ранети во пукањето.

Подготвено од М.Д.

About Author