POZAR SHUMA

02.04.2024 Скопје

Поради пожарите, викендов на Шар Планина, од управата на Националниот парк евидентирале дека се изгорени површини од вкупно 170 хектари. Десетмина вработени оделе 90 минути пеш за да стигнат до пожарите, интервенирајќи со метли и лопати.

Статистиките низ годините покажуваат дека критични периоди за пожари на Шар Планина се пролет и есен. Оттаму велат дека, како единствена служба што се грижи за справувањето со пожарите во Националниот парк, цела Шар Планина, од Јажинце до Националниот парк „Маврово“, располагаат само со неколку метли, лопати и грбни пумпи „напртњачи“.

По решение од Државниот инспекторат за шумарство и ловство, изминативе денови, во месноста Селце беа посадени 5 000 садници бука, ела и смрча.

Подготвено од М.Д.

 

About Author