08.04.2024 Скопје
Изгаснат е пожарот што избувна под Скопско кале, на поранешниот полигон за полагање возачки испити, а во кој беа зафатени пет патнички автомобили.
Пожарникарите работат на расчистување на теренот, а присутни се полициски екипи за утврдување на причините.
Звонко Томевски, командир на Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје, за МИА изјави дека интервенцијата на пожарникарите спречила ширење на пожарот и оти причинета е само материјална штета.
„Во гаснењето на пожарот беа вклучени четири противпожарни возила и 13 пожарникари“, информира Томевски.
Подготвено од М.Д.