vukovar hrvatska

16.04.2024 Скопје

Во Хрватска на полноќ почна предизборниот молк во пресрет на парламентарните избори што ќе се одржат во среда.

Изборниот молк во Хрватска ќе трае до среда, 17 април, до 19 часот, односно до затворање на околу 6.500 избирачки места.

На почетокот на изборниот молк заврши 17-дневната официјална кампања пред изборите, кои наместо во недела, како што беше досега вообичаено, овој пат се одржаа во среда, а во кои претседателот на Републиката Зоран Милановиќ, се кандидираше на листата на СДП како кандидат за премиер .

Уставниот суд претходно донесе одлука со која го предупреди Милановиќ дека неговата кандидатура за премиер додека ја извршуваше функцијата претседател на Хрватска, на листата на која било партија или независна листа, е некомпатибилна со неговата уставна положба и овластувања, како и со принципот на поделба на власта.

Милановиќ формално не е учесник на парламентарните избори, неговото име го немаше на избирачкиот список, но речиси секојдневно во своите изјави најавуваше дека по изборите ќе формира нова влада и ја критикуваше актуелната влада на ХДЗ и премиерот Андреј Пленковиќ.

Право на глас утре ќе имаат вкупно 3.733.283 хрватски граѓани, што е за 127.000 или три отсто помалку од претходните парламентарни избори во 2020 година.

Тие се поделени во вкупно 12 изборни единици – 10 се распространети на територијата на сите окрузи во Хрватска, 11-та е гласот на дијаспората, а 12-та е составена од гласачи на националните малцинства.

Во секоја од првите 10 изборни единици, во парламентот се избираат по 14 пратеници, додека тројца пратеници се избираат од дијаспората и Хрватите кои живеат во Босна и Херцеговина, а осум доаѓаат од редовите на партиите на Србите и другите малцинства.

Во 11 изборни единици запишани се вкупно 165 листи, а од малцинските листи има уште 17 кандидати.

Се избираат 151 пратеник, па за мнозинство во хрватскиот Сабор потребно е да се соберат 76 мандати.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author