02.04.2024 Скопје
Производството на овошје во Хрватска во 2023 година падна за 20 отсто на годишно ниво, според прелиминарните податоци објавени од Хрватскиот државен завод за статистика (ДЗС).
Производството на јаболка и мандарини во Хрватска минатата година се зголемило во однос на 2022 година, а истовремено опаднало и производството на сливи, цреши, јагоди, круши и друго овошје.
Најмногу пораснало производството на јаболка, за 39,2 отсто на годишно ниво, на 66.510 тони, а на мандарини за 3,5 отсто на 43.518 тони.
Лани голем пад на производството на сливи е забележан во Хрватска и тоа за 41,7 отсто на 6.610 тони, цреши за 27 отсто на 4.718 тони, праски и нектарини за 24,4 отсто на 2.984 тони.
Вкупното производство на грозје лани изнесувало 94.683 тони, што е пад од 19,4 отсто во однос на 2022 година.
Во 2023 година, хрватското производство на маслинки падна за 25,6 отсто на годишно ниво, на 29.844 тони.
Подготвено од А.Ѓ.