vukovar hrvatska

09.04.2024 Скопје

Хрватските метеоролози најавуваат дека од утре ќе има благ пад на температурата на воздухот, како и дека денеска над Хрватска се очекува сахарски песок од Африка.

Според прогнозата на Државниот хидрометеоролошки завод и денеска на копно се очекуваат жештини, но од утре во внатрешноста ќе биде значително посвежо, иако се уште ќе биде сончево.

Ќе дува умерен и засилен северен и североисточен ветер, на повисоките места со бура. Највисоката температура на воздухот е од 20 до 25 Целзиусови степени.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author