17.04.2024 Скопје
Работниците во транспортниот сектор утрово стапија во штрајк, поради што бродовите останаа закотвени во пристаништата, а во прекин е и железничкиот сообраќај.
Возачите на автобуси и таксистите, исто така, се приклучија на прекинот на работата, така што голем број патишта во центарот на Атина беа пренатрупани бидејќи работниците со сопствен превоз се движеа до работа. Работниците бараат повисоки плати за да се справат со зголемените трошоци за живот.
Работниците одговорија на еднодневниот штрајк на најголемиот синдикат на приватниот сектор во Грција, ГСЕЕ, кој вели дека платите сè уште заостануваат зад нивните европски колеги.
Во текот на овој месец Грција го зголеми минималниот месечен приход за 6,4 отсто на 830 евра, што е четврти последователен слично зголемување во изминатите пет години.
Сепак, работниците тврдат дека покачувањето на платите не е доволно за покривање на поскапувањето на храната и сместувањето.
„Пораката е јасна, работниците не можат да врзат крај со крај со ниски плати и постојано зголемување на цените“, се наведува во соопштението за печатот на ГСЕЕ.
Подготвено од А.Ѓ.