26.04.2024 Скопје
Аргентинските палеонтолози објавија дека откриле нов вид диносаурус, наречен Chakisaurus nekul, кој живеел пред околу 90 милиони години во областа на денешна Патагонија.
Чакисаурус е тревојаден диносаурус со средна големина, а фосилот е пронајден во природниот резерват Пуебло Бланко, во јужната провинција Рио Негро, каде што претходно биле пронајдени бројни остатоци од други диносауруси, цицачи и риби.
Се верува дека најголемиот Чакисаурус достигнал големина од три метри во должина и 70 сантиметри во височина, а новите студии покажуваат дека овој тип на диносаурус трчал брзо и имал невообичаено закривена опашка.
Родриго Алварез, авторот на студијата за овој вид, рече дека станува збор за двоножен диносаурус, а неговиот коавтор Себастијан Росадила објасни дека Чакисаурус има силни задни екстремитети и дека може да маневрира со опашката од страна на страна за да одржува рамнотежа при трчање.
Тим аргентински палеонтолози, поддржани од Националното географско друштво, првично ги пронашле остатоците од овој вид во 2018 година.
Подготвено од А.Ѓ.