timotej

09.04.2024 Скопје

Вчера во катедралниот храм „Св. Софија“ во Охрид, беше отслужена Литургија по повод Третата недела од Великиот пост, позната како Крстопоклона недела, и празникот Благовештение на Пресвета Богородица, кој се смета за престолен празник на МПЦ-ОА.

На чело на службата беше Митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј, а заедно со него служеа високи претставници од Вселенската Патријаршија и Православната црква на Грција, Митрополитот на Имврос и Тенедос Кирил и Митрополитот на Дидимотика Дамаскин.

Обраќајќи се до претставникот од Вселенската Патријаршија митрополитот Кирил, владиката Тимотеј меѓу другото порача до Вселенскиот Патријарх Вартоломеј дека не само црковниот клир и монаштвото, туку и верниците кај нас силно се залагаат за единство со целиот православен свет и со желба очекуваат добивање на томос за автокефалност од Вселенската Патријаршија, кој би го официјализирал и признал статусот на Црквата во Република Северна Македонија во рамките на православниот христијански свет.

Подготвено од М.Д.

About Author