MEDICINSKI RAVOTNICI

02.04.2024 Скопје

Владата на седница одржана на 27.02.2024 год. постапувала по Известување од МФ за вработување на нови лица во случај на итни и неодложни работи во ЈЗУ. По насоките од Владата, МФ на 12.03.2024 год.доставило до ФЗО известување за обезбедени финансиски средства за ангажирање на 459 лица со договор на дело во триесет и пет ЈЗУ, објави на социјалните мрежи Елена Петрова, дополнителен заменик министер за финансии.

Ова е спротивно на Изборниот законик, според кој по распишување на изборите за итни и неодложни работи се дозволува само вработување на определено време. Тоа е постапка која се спроведува со јавен оглас на кој може да учествуваат заинтересирани лица и да биде избрано лице кое ги исполнува условите. Договорот на дело пак е однос кој се воспоставува со определено лице, без можност да се вклучат повеќе заинтересирани лица.

Според Изборниот законик, итни и неодложни работи се дозволени вработувања по распишување на изборите само во точно определени случаи: замена на отсутен работник поради подолго боледување или отсуство, смрт на вработен и сезонски работи. Дали 250-те медицински лица и 209 лица од друг персонал (преведувач, статистичар, дактилограф, општ работник и т.н.) се за замена на отсутни или починати вработени и за сезонски работи?

Согласно мојата надлежност и обврска да се грижам за законито користење односно располагање со буџетските средства во овој период кога се распишани изборите и е формирана преодна Влада заради организација на изборите за наведената повреда на Изборниот законик и Законот за спречување на корупцијата и судирот на интересите ќе поднесам пријава до Државната комисија за спречување на корупцијата.

Подготвено од М.Д.

About Author