evropska unija eu zname

09.04.2024 Скопје

Евростат објави дека вкупното пазарно производство е намалено во јануари 2024 година за 0,4 отсто, во Европската унија и во еврозоната, во однос на претходниот месец.

Од канцеларијата на ЕУ задолжена за статистика додаваат дека во однос на истиот месец од претходната година вкупното пазарно производство е намалено за 0,6 отсто во Европската унија и 0,5 отсто во еврозоната.

Евростат забележува дека последните податоци се однесуваат на намалување на индустриското производство за 5,7 отсто во ЕУ и на обемот на трговијата за 1,4 отсто, додека градежното производство остана непроменето, а производството на услуги е зголемено за 4,1 отсто.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author