sredba blinken-jimping

25.04.2024 Скопје

Блинкен ќе се сретне со бизнисмени пред да замине за Пекинг во петок на разговори со министерот за надворешни работи Ванг Ји и можна средба со претседателот Си Џинпинг.

Блинкен ќе побара од Кина да престане со опремување и снабдување на руската воена индустриска база.

Висок функционер на Стејт департментот на брифинг со новинари во петокот рече дека Вашингтон е подготвен да „преземе чекори“ против кинеските компании за кои верува дека им штетат на американската и европската безбедност. Тој не кажа други детали.

Посетата доаѓа откако американскиот Конгрес викендов го усвои законот кој вклучува ново финансирање за Тајван и помалку од еден месец пред островот да го инаугурира новиот претседател Лаи Чинг-те, кој како и неговиот претходник го отфрли правото кое Кина го полага врз островот.

Висок функционер на Стејт департментот рече дека страните треба „да избегнуваат преземање провокативни дејствија кои би можеле да ги подигнат тензиите и да покажат воздржаност“ пред инаугурацијата.

Напорите да се принуди кинеската ByteDance да ја продаде апликацијата TikTok или да се соочи со забрана од САД, исто така добиваат на сила во Конгресот, што е знак за зголемената подготвеност на Вашингтон да се соочи со Пекинг за економски прашања.

Блинкен се очекува да покрене и прашања за човекови права, вклучувајќи го и третманот на Кина кон муслиманите во западниот регион Синџијанг.

Подготвено од М.Д.

About Author